April 20, 2024, 11:13 am

ИВАН СОКОЛОВ ЌЕ БИДЕ НОВИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ДЕЛЧЕВО: Најодговорно стојам пред вас и ветувам дека се што е започнато ќе биде завршено, но и ќе почнеме многу нови работи!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На централниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево, пред граѓаните се обрати и кандидатот за градоначалник на општината, Иван Соколов. Тој кажа дека остануваат уште само четири дена до големата на ВМРО-ДПМНЕ, само четири до прогласување на уште градоначалник од таа партија во Делчево.

-Ја почнавме кампањата пред две недели, извадивме програма во која што скициравме многу проекти, со кои што најавивме големи промени за Делчево. Иако во програмата се содржани многу проекти, одејќи од село во село, од улица во улица, од човек до човек, сфатив дека таа наша програма е премала, сфатив дека уште стотици нови проекти лежат во душите на нашите луге, уште стотици нови потреби лежат во душите на нашите пријатели кои секојденвно ги среќаваме, а не знаеме што кријат во себе, изјави Соколов.

Тој кажа дека лугето дека биле задоволни од она што било направено досега, но дека се уште не е доволно.

-Јас најодговорно стојам пред вас, исправен, со големо ветување, дека се што е започнато ќе биде завршено во овој мандат, но исто така и многу нови работи ќе започнеме. Додека сум градоначалник на Делчево, никогаш нема да дозволам на само 2-3 километри од центарот на Делчево, лугето да газат во кал, нема да дозволам една улична светилка да не свети, нема да дозволам планинските патишта да бидат непробиени, нема да дозволам депонии патиштата и се она што го прави еден град европски, изјави Соколов.

Тој кажа дека како човек патувал низ светот и видел многу градови и држави, но дека секаде каде што бил се било туѓо и се вратил во Делчево.

-Целосно свесен во која економска состојба се наоѓа нашата татковина, целосно свесен во која економска состојба се наоѓа нашата општина, го прифатив тој предизвик со една голема надеж, дека сите ние заеднички ќе се сплотиме ќе помогнеме да го надминеме тој проблем кој што се вика немаштија, изјави Соколов.

Тој најави сериозна реорганизација во општинската администрација. Тој напомена дека не смее да се остави бизнис администрацијата на страна.

-Сонувам и го гледам Дечлево со бренд на делчевската слива, го гледам Делчево со бренд како туристичка зона, го гледам Делчево со бренд на ТИРЗ зоната, го гледам Делчево со бизнисмен и од надвор кој ќе дојдат и ќе се понудат да финансираат во ова наше градче. Го гледам и сонувам сите наши гастрбајтери или иселеници да се врат во Делчево, за заеднички со нив да го градиме овој град, изјави Соколов.

Тој кажа дека животот за сите нив е живот во Делчево, сето тоа што е надовор е лага и измама според него.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This