ИВЗ: Не ги aлбaнизиpaме, Турците во Лисичани демант на Исламската верска заедница

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По вчерашниот молк, Исламската верска заедница се огласи околу случувањата во кичевско Лисичани. Жителите на ова село обвинуваат дека локалната џамија Абди Бајрактар се злоупотребува во политички цели, односно за албанизирање на мнозинското турско население.

Од ИВЗ ги демантираат тврдењата на жителите на Лисичани, велејќи дека населението таму е еднонационално и еднојазично, а џамискиот одбор и верскиот службеник се од нивната средина.

-Во врска со изјавата дека преку Џамијата се албанизира населението, тврдиме дека тоа е потполна дезинформација бидејќи тоа население е еднонационално и еднојазично, а џамискиот одбор и верскиот службеник се од нивната средина. Следствено,ИВЗ не гледа таканаречен „инцидент“ во тоа население, велат во демантот на ИВЗ.

ИВЗ реагира и на изјавата на Рушит Миртовски, кој пред камерата на Алфа кажа дека е новоизбран претседател на џамискиот одбор, а дека се соочува со проблеми бидејќи старото раководство не сака мирно да ги предаде клучевите од џамијата. Според нив тој е нелегитимен, а неговите изјави ширеле омраза и нетрпеливост, за кои може да се одговара кривично.

-Што се однесува на изјавата на Рушит Миртоски дека е избран за председател на џамиски одбор ,тој од ИВЗ е нелегитимен, а неговите изјави шират омраза и нетрпеливост за кои може кривично да се одговара пред законот на РМ. Во врска пак со таканаречениот имам Седан Даутовски кој што изјави дека е избран за имам,ја информираме јавноста дека тој за ИВЗ е нелегитимен бидејќи не е избран и поставен од страна на ИВЗ, велат од ИВЗ.

Пред два дена селаните од Лисичани, село кое има околу 1500 жители, од кои над 95 проценти се Турци, протестираа пред џамијата за која велат дека е затворена и дека верниците верските обреди морат да ги вршат низ околните села. Од ИВЗ реагираат дека ова е дезинформација бидејќи џамијата била отворена од раната, па се до последната молитва.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This