ИВЗ ЈА БOJKОТИРА ВЛАДАТА: ИВЗ нема да соработуваат со државните институции

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Комисијата за односи со верските заедници ја организира првата недела на заедничка молитва, настан што треба да биде во функција на јакнење на меѓуверската кохезија во државата, но без учество на Исламската верска заедница. Втората најголема верска институција ја бojкотира работата на комисијата, по последните случувања што ги имаше на релација со државата. Иако добиле покана за активно учество во програмата, сепак тие одбиле да партиципираат во настаните со свои претставници, пренесува Нова Македонија.

На манифестацијата ќе бидат присутни сите цркви, верски заедници и религиозни групи, кои се регистрирани во земјава според Законот за правна положба на црква, верска заедница и религиозна група.

Даријан Сотировски, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, кој наедно е и организатор на настанот „Недела на заедничката молитва“ вели дека на сите настани се поканети и добредојдени со свои претставници сите 36 верски заедници во државата.

– Верските заедници треба да се пример за подавање рака и градење мостови во општеството. Овие настани само ја истакнуваат нивната кохезивна улога и сила – додава Сотировски.

Од Исламската верска заедница во земјава веќе најавија дека нема да соработуваат со државните институции и со Владата, поради односот што го имаат кон нив, а особено по одлуката на надлежниот cyд за промена на првиот човек на ИВЗ, врз основа на поднесена документација до cyдот. Оттаму истакнаа дека сѐ уште нема атмосфера и услови во државата да учествуваат во таков проект што го организира Комисијата за односи со верските заедници, особено поради нивните барања кон оваа државна институција и Владата, кои со години не се исполнети.

– Потсетуваме дека ИВЗ со години има отворени прашања, како што е постапката за денационализациja на вакувскиот имот, нерешените статуси на Јени-џамијата во Битола, Хусамедиун-џамијата во Штип, реконструкцијата на Алипашината џамија во Охрид, изградба на џамија во селото Лажец, Битола. Сме посочувале и да се прекине дискриминирачкиот статус кон нас како верска заедница и да престанат разновидните провокации – истакнуваат од ИВЗ.

Истакнуваат дека кога ќе се решат сите овие барања, тогаш ќе се создаде атмосфера за заеднички проекти, каде што ИВЗ активно и сериозно ќе биде вклучена, давајќи свој придонес.

Инаку, во периодот за превласт во ИВЗ, кој се случуваше пред половина месец, реисот Сулејман Реџепи, поглаварот на оваа заедница, посочи дека во целата ситуација се вмешани директорот на Комисијата за односи со верските заедници, Даријан Сотировски, како и заменик-директорот на комисијата, Зеко Абази, како и дека ИВЗ одбива во иднина да соработува со овој државен opган.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This