April 24, 2024, 11:47 pm

ИВЗ ЌЕ ДОБИЕ ИНСПЕКЦИЈА ОД ЗАЕВ: Заев праќа трудова инспекција кај поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Државните институции се во контрола на верските заедници. Ние не сме надлежни ниту посакуваме, ниту пак Уставот дозволува да се инволвираме во внатрешните процеси на избори и именувања во верските заедници. Тоа не значи дека е некој надвор од законот. Има неколку процеси отворени. Има и процеси во Стразбур. Ова ќе го сфатам како повик државата да го изврши својот дел од надлежностите за правичност.

 

Трудовата инспекција ќе добие налог од мене лично како премиер да ги провери овие аспекти, ќе постапиме во делот што е наша надлежности – изјави вчера премиерот Зоран Заев откако пратеникот од СДСМ и поранешен новинар, Мухамед Зекири, на пратенички прашања го праша, зошто поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи, е недопирлив за органите, иако, рече тој, работи незаконски.

-Реџепи успева да опстојува и покрај стотиците скандали кои го следат. Прави се само не тоа што треба да го прави и тоа што го проповеда верата. Груевски, мафијата и Мијалков беа 10 години и до скоро режим за Македонија, тоа што е за Албанците Сулејман. Отиде до таму што го благослови Груевски. На власт во ИВЗ е врати во 2007 година на насилен начин со калашникови и закани. Го смени уставот на ИВЗ и се постави за доживотен претседател. Од тогаш ИВЗ ја има претворено во свој пашалук – рече Зекири.

Според него ИВЗ им наплака визи на верниците за аџилак во Саудиска Арабија, иако оваа земја ги дава визите бесплатно.

– 2.000 аџии секоја година заминуваат за Саудиска Арабија. Годинава секој верник треба да плати по 4.100 евра. Ова е највисоката цена. Цената е зголемена во споредба со минатата година. Во Албанија на пример се наплаќа по 3.500 евра. Дали трудова инспекција некогаш ќе влезе во ИВЗ да провери дали оваа институција им плаќа инвалидско и пензиско осигурување на имамите? Со години се жалат дека тоа не се прави. Дали финансиска полиција ќе влезе некогаш да провери на кој начин се финансира ова институција и на кој начин менаџира со парите на верниците? – праша Зекири.

Според него ИВЗ има голем имот кој го дава под закуп, но една цена наплаќа преку каса прими, а друга цена преку тефтер.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This