ИВИЦА КОНЕВСКИ НАЈДОБАР И НАЈУСПЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК:За мене ова претставува огромна чест и поттик, но и голема одговорност да продолжиме со исто темпо

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Веб порталот SkopjeInfo.mk трета година по ред ја спроведе анкетата за најуспешен градоначалник во Скопје. Анкетата заврши вчера, траеше 20 дена и на неа можеше да се гласа за еден од првите луѓе на општините во Скопје.

133563281-8

Во овој период на анкетата гласаа вкупно 14109 читатели.Од вкупниот број на гласови на прво место, според гласовите на скопјани е Ивица Коневски, градоначалникот на општина Аеродром, кој освои 27 проценти од гласовите, односно 3710 гласови. На второто место со 2540 гласови се најде градоначалникот на општина Карпош.

Понатаму, според резултатите од анкетата на ранг листата се наоѓаат градоначалниците на ЦентарЧаир и Кисела Вода, а речиси незабележителен број гласови освоија градоначалниците на Сарај, Бутел, Ѓорче Петров и Гази Баба.

-Благодарност за сите што гласаа да станам најуспешен градоначалник по втор пат.
Им се заблагодарувам за сите учесници во анкетата на интернет порталот Скопје инфо, особено на оние што гласаа за мене и што ми дадоа поддршка по вторпат да бидам прогласен за најуспешен градоначалник во Градот Скопје за 2016 година.
За мене ова претставува огромна чест и поттик, но и голема одговорност да продолжиме со исто темпо во интерес на жителите на општина Аеродром. Во следниот период ќе се фокусираме на завршување на проектите што ги започнавме, вели Коневски. 

-Интересно е што вакви слични резултатите имавме и во претходните години. На најуспешниот градоначалник му честитам за победата, а на останатите им порачуваме дека ваквите резултати се причина посериозно да пристапат на реализација на ветените проекти, повеќе да работат, но и да бидат потранспарентни и отчетни пред граѓаните, вели Берта Китинска, новинар во Скопје Инфо.

Скопје Инфо и понатаму ќе ја следи нивната работа и следната година повторно заеднички ќе го избереме најуспешниот градоначалник.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This