ИВИЦА КОНЕВСКИ ЈА ОБЈАВИ КАНДИДАТУРАТА: Коневски ги повика граѓаните на уште една голема изборна победа!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Актуелниот градоначалник на општина Аеродром, Ивица Конeвски, официјално ја објави кандидатурата градоачалник на општината од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Коневски ја побара поддршката од аеродромци за трет мандат, а во изборната трка ќе му се спротивстави на Златко Марин од СДСМ.

Драги сограѓани,

чест и задоволство ми е да ја прифатам кандидатурата за ваш градоначалник на претстојните локални избори.

Со оглед на тоа дека добро се познаваме, дозволете ми овој пат да ви се обратам на помалку формален начин.

Изминатите години поминати во служба на граѓаните на Општина Аеродром беа исполнети со работна дисциплина, поставување и остварување на цели кои некогаш се чинеа недостижни, како и многу труд, љубов и грижа да се направи повеќе и подобро за секој проект што го сработивме, мал или голем.

Непоколебливо верувам во постојаниот развој и напредок на нашиот сакан Аеродром и тоа ми дава мотив и сила уште повеќе да се вложам во остварување на нашиот заеднички сон: ултрамодерна општина, гордост на Скопје и Македонија!

Неизмерно сум благодарен на вашата досегашна доверба и поддршка.

Неизмерно сум им благодарен и на советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Аеродром за нивната напорна и несебична работа сето ова време. Успесите се заеднички!

Ве повикувам да тргнеме на патот на уште една голема изборна победа со нови проекти и уште поголема енергија!
Заедно никој не може да не сопре.
За Општина Аеродром!
За Република Македонија!
Стојам во ваша служба.
Со почит,

Ивица Коневски, горд градоначалник на Општина Аеродром“.

Ивица Коневски победи во првиот круг на локалните избори на 24.3.2013 година како градоначалник на Општина Аеродром, со што обезбеди втор мандат на оваа функција. Претходно, официјално стапи на функцијата градоначалник на Општина Аеродром на 7.4.2009 година, по победата, исто така, во првиот круг на локалните избори на 22.3.2009 година.

-За време на четиригодишниот мандат како градоначалник, во тимска работа со општинската администрација и со помош на одлуките на Советот на Општината, придонесе значително да се подобрат условите за живот во Аеродром и општината да го заокружи својот урбан лик. Меѓу капиталните проекти за развој на општината можат да се набројат донесените 20-тина урбанистички планови, изградбата на повеќе паркови и фонтани, кои ги облагородија запуштените локации, изградбата на фекална канализација во руралниот дел, праќајќи ги септичките јами во историјата, целосната реконструкција на основните училишта и детските градинки, овозможувајќи им на тој начин подобри услови за одвивање на воспитно-образовниот процес, изградбата на повеќе од 2.000 нови паркинг-места, со што почна решавањето на еден од најгорливите проблеми во урбаниот дел, како и многу други проекти како што се асфалтирање, јавно осветлување, изградба на голем број спортски објекти, детски игралишта, пешачки патеки… со кои Аеродром стана попријатно место за живеење. Под раководство на Ивица Коневски кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје – Аеродром стана државен шампион и влезе во престижната јадранска АБА лига, каде го освои седмото место. Во 2.009 година беше прогласен за најспортски градоначалник, а во 2012 година за најуспешен градоначалник во Градот Скопје. Ивица Коневски е роден на 14 декември 1978 година во Скопје. Дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје и се стекнал со звање дипломиран правник со положен правосуден испит. Во период од 2005 до 2006 година ја извршувал функцијата член на Советот на Град Скопје. Во 2006 година е именуван за генерален директор на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија (ЈПССДП), пишува Република.

Бил претседател на Бордот на директори на Градскиот трговски центар. Во периодот од неговото назначување за директор претпријатието бележи голем развој и напредок во работата што резултира со зголемување на капацитетите на претпријатието и реализација на бројни значајни проекти, како што се изградба на голем број социјални и комерцијални станови и изградба на станови за млади брачни парови во Општина Аеродром, изградба на северната трибина на Градскиот стадион и почнување постапка за целосно обновување на стадионот „Арена Филип Втори“ во Скопје.

Воедно, Ивица Коневски прв воведе „ISO” стандард за квалитет во ЈПССДП и во Општина Аеродром, правејќи ги прво јавно претпријатие и прва општина во Македонија со ваков стандард.

Ивица Коневски важи за млад и динамичен политичар и менаџер со европски кодекс на однесување, човек перфекционист во работата, со способност за тимска работа, работа во мултикултурна средина, креативен, флексибилен, инвентивен, експедитивен и со јасен концепт за иднината на Општина Аеродром, која благодарение на неговите визионерски проекти стана препознатлива по прекрасните паркови и зелени катчиња.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This