ИВОНА ТАЛЕВСКА ДОБИ УСЛОВНА КАЗНА ОД ЧЕТИРИ ГОДИНИ: Наместо две години затвор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Основниот суд Скопје 1 ја осуди на условна казна уредничката на ТВ Сител Ивона Талевска за случајот Тифани. Според одлуката на судот, Талевска нема да помине две години во затвор, доколку во наредните четири не стори ново кривично дело.

Судијката Софија Лаличиќ рече дека наместо ефективна казна затвор судот се одлучил за алтернативна мерка, условна осуда за Талевска заради нејзиното добро поведение и фактот што Талевска признала вина за даночното затајување. Со пресудата на Основниот суд обвинетата во рок од еден месец треба да плати казна во висина од 1.000 евра, делот за трошоците за вештачењето, а во период од една година треба да го надомести затаениот данок, односно сумата која Специјалното јавно обвинителство ја прецизираше во обвинението.

СЈО по изрекување на пресудата нагласи дека се задоволни од признанието на вина, а за поднесување жалба на одлуката на која имаат право само во делот на висината на казната, од СЈО изјавија дека прво ќе почекаат да добијат писмен примерок од изречената пресуда.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This