Ивор Мицковски: Ставете му некролог на 1 Мај, кога нема работа, нема ни права Ивор Мицковски: Ставете му некролог на 1 Мај, кога нема работа, нема ни права

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нема повеќе работа, има работички, нема работник, има човек изгубен низ меандрите на трудот. Порано кога ќе умреше човек на некрологот му се пишуваше и занатот, струката, професијата, денес само човековата хипокризија кон мртвиот: беше сакан сопруг или татко. Работата се уште имаше функција на социјална идентификација.

Уште сретнувам луѓе: кој мајстор Кико, еее каков мајстор беше, сите ги научи да прават фрижидери. Во две генерации, од дедо почитуван мајстор, татко школуван новинар, стигнавме до мојата каде не можеме да се пофалиме со сигурна работа, некаква си иднина, се може да се смени за неколку дена – from hero to zero.

На трудот се разбира! Кој е денес нашиот идентитет, сите генерации постари тука од 40, работеле толку многу работички, што имаат криза на идентитетот. И што ги чека денешните млади, каква фрагментација, колку работички, колкави парички, какви правенца или осигуренца им следуваат во животиштево.

И 1 Мај повеќе е глупост, работата денес постои за премалку луѓе, тоа е изгубен збор и испразнет труд. Ако нешто вреди, вреди да се спомне жената, шивачките и мајките кои и понатаму дома работат, р’мбаат, а денар во животот не виделе. Ставете му некролог на 1 Мај, кога нема работа, нема ни права.

Нема повеќе работа, има работички, нема работник, има човек изгубен низ меандрите на трудот.Порано кога ќе умреше човек…

Posted by Ivor Mickovski on Wednesday, May 1, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This