March 28, 2024, 10:27 pm

ИГОР ДУРЛОВСКИ СЕ ОТКАЖА ОД AMHECTИЈАТА: Ја отфрлам можноста да бидам дел од селективна правда и понатамошни интриги со криење позади превезот на Вашето политичко „помирување“!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По Јане Ченто и Игор Југ, и македонскиот културен амбасадор Игор Дурловски се откажа од можноста да побара aмнecтиja согласно законот кој беше донесен минатата недела, а врз основа на кој 40 лица досега бараа ослободување од oбвинeниeo

„Почитувани, наместо молба за помилување, ја споделувам со Вас мојата одлука да продолжам со борбата за докажување на мојата невиност за обвинението за кое ми се суди.
Секоја борба носи свој ризик, а со оваа постапка го ставам на ризик и мојот и животот на моите најмили, но, убеден сум дека ме разбираат зошто ова е важно, да се бориме за своите принципи, за правда, доследно и храбро.

Се надевам дека со оваа одлука ќе и ја одземам можноста на политиката да се постави над правичноста и судството. Во свое име и во име на моите пријатели од „Заедничка Македонија“ и на илјадниците чесни и мирољубиви граѓани кои ги исполнуваа улиците со љубов кон татковината.

Ја отфрлам можноста да бидам дел од селективна правда и понатамошни интриги со криење позади превезот на Вашето политичко „помирување“. Вистинско помирување може да постигнеме само со правда, чест и морал.
Останувам со чисто срце со љубов кон татковината, верба во Бога и надеж за подобра иднина за сите нас.
Да живее Македонија🇲🇰🇲🇰🇲🇰

#SexPistols
#MyWay“ – напиша Дурловски на својот ФБ профил.

Милостиња, како што велат, нема да бараат ниту Игор Југ и Јане Ченто бидејќи, додаваат, веруваат во судот и во правдата повеќе отколку во политичките игри на Зоран Заев. Сите тројца кои одбија да бидат aмнecтирани, велат дека доказите се на нивната страна и нема од што да се плашат но повикуваат и cудот да се води согласно законите, а не политиката.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This