Игор Дурловски си поднесе оставка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Оперскиот пејач Игор Дурловски поднесе оставка од местото директор на МОБ и од позицијата професор на факултетот за музичка уметност.

durlovski3-640x318

„Жалам што сите овие општествени превирања се случуваат во година кога одбележуваме два значајни јубилеи и со кои требаше да создадеме нова страница со врвни уметнички достигнувања. За жал, а можеби некому за среќа, ниту моб не беше поштеден од негативните ефекти од наметнатите општествени услови кои се одразија врз целокупната работна атмосфера, расположението на нашата публика, безбедносниот скептицизам на дел од нашите гости-уметници, и ред други помалку значајни нешта“, вели Дурловски, кој објавата за оставките ја напиша на својот Фејсбук профил.

Тој во објавата потенцира дека ова не бил ниту политички став, ниту став за уметничката дејност на македонската опера и балет.

Тој во обраќањето на Фејсбук вели дека последен ден на работа во МОБ ќе му биде 25 мај, а на позицијата професор во ФМУ ќе остане до крајот на јунската испитна сесија.

10 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This