ИГОР ЈУГ ОБВИНУВА: Бачев заедно со уште едно лице го фалсификувале потписот на Игор Југ за членство на МПЗ „Владо Черноземски“ во „Македонија блокира“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од Здружението „МПЗ Владо Черноземски“, чиј претседател е обвинетиот за тероризам во настаните од 27 април, Игор Југ, демантират дека ја потпишале коалицијата „Македонија Блокира“ која ја предводи проруската партија „Единствена Македонија“ на Јанко Бачев.

Во редакцијата на „Лидер“ утринава се јави сопругата на Игор Југ, Ивана, која ни достави реакција од нејзиниот сопруг за потпишувањето на оваа коалиција од лица кои не се овластени ниту од здружението „Владо Черноземски“, ниту од нејзиниот сопруг кој се наоѓа во притвор во истражното оделение во Шутка.

-МПЗ Владо Черноземски не подржува и не брани ставови и мислења на ниту една партија. Ниту било какво движење. МПЗ Владо Черноземски ги подржува само вољата и ставовите на Македонскиот народ. Нема да дозволиме по кој знае кој пат името на нашето здружение да биде злоупотребено во дневно политички цели. – стои во редакцијата која во негово име ни ја достави сопругата на Игор Југ.

Од коалицијата „Македонија Блокира“, тврдат дека нивната платформа ја подржале 84 организации од земјава. Во име на организацијата „МПЗ Владо Черноземски“, потпишал извесен Андријано Александров.

-Горе наведеното лице Адриано Александров нема никакво овластување да се огласува и потпишува во име на МПЗ Владо Черноземски. Единствен овластен да потпише било каква соработка е претседателот Игор Југ. Доколку не се повлече потписот, ќе следува тужба од нашата организација. – додава сопругата на обвинетиот за настаните од 27 април.

Инаку, во изминатиот период  „Македонија Блокира“, организира протести пред домовите на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за уставните измени. Во исто време, луѓето на Бачев ги загрозуваат и домовите на политичари кои не се пратеници, но, јавно говорат во полза на уставните измени, каков што е примерот со поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски.

На овие протести присуствуваат по дваесетина лица, па оттука на социјалните мрежи граѓаните си го поставуваа прашањето како од 84 организации, произлегуваат само по волку малку граѓани.

„Македонија Блокира“, денеска најави масовен протест за во сабота пред собранието на Република Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This