ИГУМЕНОТ НИКОДИМ НА ПРОТЕСТОТ ВО МЕЛБУРН: Бог Господ ја благословил Македонија и Македонскиот народ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На вчерашниот протест на дијаспората во Мелбурн, Австралија се обрати и Архиерејскиот заменик на Архиерејот митрополитот г. Петар, игуменот Никодим. Тој ги пренесе пораките на Неговото Високопресвештенство митрополитот Преспанско-пелагонски Петар пред насобраниот народ

 

Обраќањето во целост:

„Бог Господ ја благословил Македонија – па затоа е толку убава!

Бог Господ го благословил Македонскиот народ – па затоа сме сеуште тука!

Бог Господ го благословил Македонскиот јазик – па затоа ние пееме!

Бог Господ го благословил Македонецот да стане Народ Божји! Го благословил со дарот на словесноста, самовластието и слободата!

Затоа, бидете бодри и не плашете се!“

Ова е пораката на Неговото Високопреосвештенство митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар, испратена до нас.

Храбри и достоинствени, чесни и правдољубиви, Богољубиви и братољубиви, да се обновиме со духот на родољубието и заедништвото, за да се запазиме себеси и ја запазиме нашата Македонија.

Македонската Православна Црква, низ вековите е духовната мајка на народот Mакедонски, пред Бога одговорна, својот народ да го издигне кон небесните височини, и истовремено, безусловно да му го чува – дарот на слободата.

Затоа сме тука и сме со вас! Да ве увериме дека Владиката, свештенството и монаштвото на Австралиско-новозеландската Епархија се со народот! Едноставно, тоа е така, затоа што и ние сме од народот!

Тука сме, со вас сме! Рамо до рамо со нашиот народ, за да заедно го зачуваме она што е Божјо во нас – а тоа е Богодаруваната ни слобода. Слобода да суштествуваме, да се самоопределуваме, и именуваме како Македонија и Македонци!

Тука сме, со вас сме! Да им кажеме на оние што се огрешувааат пред Бога и кон она што Бог го дал, а е најсветото во секој човек – слободата – да престанат да го прават тоа – да престанат да бидат борци против Бога!

На таквите со љубов и трпение им велиме: Засрамете се! Смирете се! Вразумете се и покајте се!

Отстапете! Стојте подалеку од името на Македонија и Македонскиот јазик, Македонскиот национален идентитет и Македонската Православна Црква на Македонскиот народ!

Оставете нè во мир и дозволете му на Македонецот, во својата земја Македонија и насекаде во светот, со својот Македонски јазик, битие и идентитет, да му принесува на светот плодови, плодови достојни и на Бога и да го прославува Божјото име, па и Бог него да го прослави како свој народ!

Им велиме: Внимавајте и разберете! Ние нема да се откажеме од своето. Ние не се плашиме – зашто со нас е Бог!

Нека ни е жива и од Бога благословена Македонија на Македонците, и на оние што достојно ја почитуваат! Амин!

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This