Игpaтa ce мeнyвa: Бајден го oдбpa нoвиoт диpeктop нa ЦИА

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Идниот американски претседател, Џо Бајден објави дека искусниот дипломат Вилијам Бернс ќе биде новиот директор на Централната разузнавачка агенција (ЦИА).

Бернс (64) беше амбасадор во Русија и Јордан, а во Стејт департментот е 33 години, пренесуваат Вијести.

Тој бил заменик државен секретар на САД пред заминувањето во пензија во 2014 година.

Бернс минатата година напиша неколку жестоко критички текстови за политиките на администрацијата на Доналд Трамп.

– Бил Бернс е дипломат за пример со децении искуство на светската сцена, чувајќи ја безбедноста и сигурноста на нашите граѓани и државата. Тој го дели моето длабоко мислење дека разузнавачките работи мораат да бидат аполитични и дека посветените разузнавачки професионалци кои и служат на нашата држава заслужуваат благодарност и почит. Амбасадорот Бернс носи знаење и перспектива дека мораме да ги спречиме и да им се спротиставиме на заканите пред да дојдат до нашиот брег. Американските граѓани ќе можат да спијат мирно со него на чело на ЦИА, рекол Бајден.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This