ИДНИНАТА ЌЕ ДОКАЖЕ ДЕКА ОВА Е КЛАСИЧНА АНТИМАКЕДОНСКА КОНСТРУКЦИЈА: Загрижува тоа што СДС дели наредби на обвинителите од СЈО!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Она што дополнително загрижува се информациите дека раководството на СДС било во постојана комуникација со неколку од обвинителите и ги координирале заеднички сите нивни активности. Затоа е и јасно зошто секогаш кога Заев ќе направи сериозен гаф или крупна политичка грешка СЈО се јавува со некој спектакл.

 

Ова на денешната прес-конференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ го изјави претседателот на партијата, Никола Груевски.

Вели дека подлогата која ја создаваа нивните медиуми беше само дополнителен декор во амбиентот ВМРО-ДПМНЕ да се прикаже како некакво злосторничко здружување, а како што рече, всушност иднината ќе покаже дека СДСМ е тоа и дека делува на криминален начин и организиран начин со цел рушење на државните и националните интереси. Груевски додаде дека тие ќе направат максимум за да се докаже тоа.

– Значи, Заев не е криминалец, ниту уличарите на СДСМ не се криминалци. Тие на најгруб начин се обидуваат да наместат цела една гарнитура од околу стотина лица од нашата партија. Ова е класична политичка и антимакедонска конструкција. И иднината тоа ќе го докаже, како што ќе се докаже и историската одговорност која ја носат сите овие лица кои сега јаваат на бранот на еуфоријата мислејќи дека времето почнало и завршува со нив и дека вечно ќе им трае ова ситно задоволство, истакна Груевски.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This