ИЗБЕГАЛ ОД ЗАТВОР: Па им испратил разгледница „Поздрав од Тајланд“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Осуденик кој избегал од белгискиот затвор минатиот месец ги насмеал неговите поранешни „цимери“, откако им испратил разгледница со порака „Поздрав од Тајланд“.

Уалид Секаки е еден од петте затвореници кои избегале од затворот во округот Антверпен во декември прескокнувајќи го затворскиот ѕид и стигнале до автомобил за бегство, кој бил паркиран во близина.

– Писмото беше упатено до тројца администратори. Пликот ја содржеше неговата затворска ознака и разгледница со (зборови) – „Поздрав од Тајланд“ – пишува Индепендент.

Властите веруваат дека писмото е автентично, иако не е сигурно дека бегалецот е во Тајланд.

Додека тројцата затвореници биле приведени набргу по бегството и четвртиот во јануари во Холандија, од Секаки немало никаква трага и глас сè додека не се појави разгледницата.

Секаки е по потекло Мароканец. Тој бил уапсен во 2017 година, откако полицијата пронашла 25.000 апчиња екстази во неговиот автомобил.

Неговиот постар брат Ашраф исто така неколку пати избегал од затвор и во 2009 година користел хеликоптер за да избега.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This