ИЗБЕГНАТА НОВА ТРАГЕДИЈА: Шестмина скијачи се загубиле на Попова Шапка, пронајдени вечерва!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По речиси седумчасовна потрага МВР успешно ја заврши спасувачката акција при која се пронајдени шестмината скијачи кои попладнево се изгубиле на Попова Шапка откако се качиле на Церипашина.

– Вечерва околу 21 часот се пронајдени и спасени шестмина скијачи кои денеска се изгубија на Попова Шапка.Околу 17. 30 часот во Полициското одделение Попова Шапка дошол 30-годишниот Ф.Р од тетовското село Лисец. заедно со косовскиот државјанин М.З. и пријавиле дека двајца косовски и четворица македонски државјани околу 14 часот и 30 минути со жичница се искачиле на „Церипашина“ и потоа се спуштиле по патеката Јелак. Но, поради густата магла залутале и се изгубиле во непознат шумски предел, некаде два километри северно од месноста „Шипковачки бачила“, над селото Вешала.

Веднаш е организирана потрага по шестмината скијачи и околу 21 часот сите се пронајдени живи и здрави во месноста „Студорек“, во близина на „Шипковачки бачила“, и со ратрак веќе се спуштаат кон Полициското одделение Попова Шапка – , соопштуваат од МВР.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This