ИЗБOPEН ПOPAЗ ЗА ЕРДОГАН: Ги загуби Истанбул, Анкара и Измир на локалните избори?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Партијата на Реџеп Таип Ердоган ја загуби власта во главниот град Анкара на вчерашните локални избори, што се смета за прв тежok удap врз неговата моќ. Неизвесна е ситуацијата во Истанбул, каде што и АКП и опозицијата прогласија победа, но Ердоган во својот говор навести дека и таму се пopазени.

На национално ниво, партијата на Ердоган освои повеќе од 51% гласови. Ердоган претходно кажа дека овие избори се од голема важност за опстанокот на земјата и на неговата партија. Изборите се одржаа среде економската криза во земјата и аналитичарите ги оценија како референдум за владеењето на Ердоган.

Турските медиуми објавија дека кандидатот на опозициската секуларна Републиканска народна партија (ЦХП) Мансур Јаваш остварил чиста победа во Анкара. Од друга страна, и ЦХП и АКП на Ердоган тврдат дека победиле во Истанбул со тесна разлика. Кандидатот на ЦХП Екрем Имамоглу изјави дека има речиси 28.000 гласови повеќе, додека поранешниот премиер Бинали Јилдирим вели дека победил со разлика од 4.000 гласови. И двајцата кандидати освоиле по повеќе од четири милиони гласови.

ЦХП прогласи победа и во Измир, третиот најголем град во Турција.

„Народот гласаше во полза на демократијата. Тие избраа демократија“, изјави лидерот на ЦХП, Кемал Киличдароглу.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This