ИЗБОРИТЕ ВО САД И БАЛКАНОТ: Ако победи Хилари, можни се нови „шарени револуции“ и тензии

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Познавачите на случувањата на Балканот сметаат дека токму за време на владеењето на Хилари и нејзиниот сопруг се случија најголемите потреси и несреќи, како бомбардирањето на Србија, војната на Косово и во Босна и Херцеговина, воениот конфликт во Македонија

Дали Белата куќа ќе добие нов станар или, пак, Хилари Клинтон ќе се врати на добро познатата локација, но наместо како прва дама, овој пат како претседател.

Дали републиканците повторно ќе застанат на чело на една од најмоќните држави во светот или ќе продолжи владеењето на демократите.

Одговорот на овие дилеми ќе го дознаеме в среда во утринските часови по наше време. Од исходот на изборите во САД зависат не само американските граѓани туку и граѓаните во поголемиот дел од светот, ако се знае влијанието на американската администрација во актуелните случувања.

sad_pretsedatelski_izbori_prva_pretsedatelska_debata__18_.jpg

Во игра за прв човек на САД ги имаме милијардерот Доналд Трамп и искусната дипломатка и политичарка Хилари Клинтон.

Кога на прв поглед ќе се споредат нивните биографии и познавањето на политиката, се чини дека нема простор за споредби. Клинтон е долги години во политиката, додека Трамп првпат се соочува со вакво нешто. Токму затоа зачудуваат анкетите каде што им се даваат еднакви шанси за триумф.

За маана на Трамп може да смета неговото неискуство, додека пак „гревовите“ на Клинтон се поврзани со Арапската пролет и улогата што таа ја одигра во состојбата во Украина, симнувањето на т.н. диктатори на Блискиот Исток, како што беше претседателот на Египет, Мубарак, или Муамер Гадафи.

За време на нејзиниот мандат се случи и убиството на американските дипломати во Амбасадата во Бенгази, за што беше под сериозен удар на домашната јавност.

Покрај на Блискиот Исток, таа замеша прсти и на Балканот. Убедливо најмногу внимание за време на својот мандат како генерален секретар Хилари посвети на состојбата на Косово.

Бутик на Хилари Клинтон во Приштина

Огромна статуа со ликот на нејзиниот сопруг Бил има во центарот на Приштина, а пак во непосредна близина има бутик со нејзино име. Косовците никогаш не можат да им го заборават придонесот за она што е Косово денес. Таму брачната двојка Клинтон едноставно  е предмет на обожавање.

Статуа на Бил Клинтон во Приштина

Познавачите на случувањата на Балканот сметаат дека токму за време на владеењето на Хилари и нејзиниот сопруг се случија најголемите потреси и несреќи, како бомбардирањето на Србија, војната на Косово и во Босна и Херцеговина, воениот конфликт во Македонија.

Поради тоа, за Балканот воопшто нема да биде добро Хилари да застане на чело на САД, а корист од тоа единствено ќе имаат Косово и Албанија чии власти отворено застанаа зад нејзината кандидатура.

Андреј Корибко, политички аналитичар од Русија, смета дека кој и да победи, се очекува да го одржи присуството на САД на Балканот и да се натпреварува со Русија за влијание, но разликата е во тоа што тие ќе го сторат тоа на различен начин.

Андреј Корибко

Хилари ќе посегне по сите трикови на неоконзервативното раководство со цел зајакнување на хегемонијата на САД, вклучувајќи обоени револуции и неконвенционални војни, додека Трамп се очекува да склучи договор со Русија кој би довел до поделба на Балканот во однос на нивното влијание. Со голема прецизност може да се каже дека овој клучен регион ќе биде на дневен ред на следниот американски претседател поради напредокот што го направија Русија и Кина и нивните мегапроекти, балканскиот гасовод, патот на свилата, брзата железница. САД ќе бидат принудени да преземат чекори кои ќе ја нарушат оваа контрола или да влијаат врз овие иницијативи – вели Корибко за Телеграф.мк

За време на мандатот како генерален секретар, Клинтон неколкупати го посетуваше регионот, но ниту еднаш не дојде во Македонија. Србија, Косово и Босна и Херцеговина беа на нејзината агенда, но не и Скопје. Единствен пат кога таа дојде во Македонија беше за време на бегалската криза во 1999 година како прва дама придружувајќи го својот сопруг Бил.

Што се однесува до Трамп, воопшто нема најави како би се однесувал кон Балканот и дали воопшто има познавање за регионот. За време на кампањата тој неколкупати ја нападна Хилари дека заедно со нејзиниот сопруг ја користеле војната во Босна и Херцеговина за сопствена промоција и дека бомбардирањето на Србија во 1999 година било голема грешка.

Иако до пред неколку дена се чинеше дека Хилари има предност пред Трамп и дека речиси сигурно ќе победи, пред почетокот на гласањето може да се каже дека силите се изедначени.

Причина за тоа е скандалот со хакираните е-пошти во лаптопот на Антони Винер, еден од најблиските соработници на Клинтон, кога беа пронајдени 650.000 е-пошти на Клинтон од нејзиниот приватен сервер. ФБИ отвори истрага за овој случај и ќе продолжи дури и таа да стане претседател.

Згора на тоа, голем удар за Хилари може да бидат и документите што ги објави „Викиликс“ – дека демократите ги организирале протести против Трамп и дека демонстрантите биле плаќани по 1.500 долари од час.

Се на сѐ, ова ќе бидат едни од најнеизвесните избори во последниве 20 години, чиј исход нема да се знае до последен момент и победникот нема да има предност поголема од 2 процента.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This