ИЗБОРИ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РУСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА: И во Македонија се гласаше за претседател на Руската Федерација

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Руските државјани ширум светот денес гласаа за нов шеф на државата, а избори се одржаа и во амбасадата на Руската Федерација во Скопје

 

Голем број на Руски државјани кои живеат или престојуваат во Р.Македонија, денес гласаа на избирачкото место во амбасадата на Руската Федерација во Скопје, кое се отвори во 08.00 часот утринава.

Според претседателот на избирчката комисија, денот поминал мирно, во фер и демократска атмосфера, а тој и Амбасадорот на Руската Федерација во Македонија се заблагодарија на властите во Р.Македонија за помошта во организирањето на изборите, како и гарантирањето на безбедноста на избирачкото место.

На претседателските избори 107 милиони Руси гласаа за нов шеф на државата. Околу два милиони Руси кои живеат во странство имаа право на глас.

На избирачкото ливче, руските државјани имаа избор од осум кандидати, но фаворит останува актуелниот претседател Владимир Путин.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This