ИЗБОРИ И РЕФЕРЕНДУМ НЕ МОЖЕ ДА ИМА ВО ИСТ ДЕН: Тоа што го замислиле владиниве „експертутки“ е гола вода!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорот и член на президиумот на Левица, Димитар Апасиев истакна дека според важечкото право во Македонија, невозможно е да има избори и референдум во ист ден. Тој напоменува дека ова е спротивно на Изборниот законик и на Законот за спречување корупција. Апасиев вели дека во планираната изборна недела може да има или референдум или парламентарни избори, но не и двете во исто време или како што вели тој измешано.

Професорот жестоко ги критикува провладините ,,експертутки’’ кои се обидуваат да ги измамат граѓаните и во ист ден да се одржи и референдум и избори, а се со цел да обезбедат цензус од 900 илјади гласови. Апасиев во својот Фејсбук пост го споменува и Членот 7 од Законот за референдум кој го гарантира ,,правото на негласање’’ на истиот тоест бојкот. За крајот тој заклучи дека ваквите игри предвреме ќе го пензионираат владејачки естаблишмент во Македонија.

– Според важечкото право, невозможно е да има и ИЗБОРИ и РЕФЕРЕНДУМ во ист ден! Тоа е спротивно на Изборниот законик и на Законот за спречување корупција.
Можно е, во ист ден – недела – да има ИЛИ повеќе избори ИЛИ повеќе референдуми, но не и двете измешано. (wink)
p.s. Тоа шо си замишљаат ова провладиниве „експертутки“ дека ќе го заебат народот ако во ист ден стават и референдум и избори – демек така ќе го обезбеделе цензусот од 900.000 избирачи – е гола вода. Впрочем, чл. 7 од Законот за рефрендум изрично го гарантира и ПРАВОТО НА НЕГЛАСАЊЕ, или популарно наречената „апстиненција“, т.е. „бојкот“! Така што, доколку го иссилуваат и овој процес, како и се друго досега – не постои сила кој ќе го натера граѓанинот да мора да земе две гласачки ливчиња, доколку не сака.
А башка што, ваквите мајмунџилаци ќе доведат до предвремено пензионирање на сегашниот владејачки естаблишмент, чиј рејтинг вртоглавно паѓа со секој изминат час (а камоли па ден). (wink)
#ОдГрешкаУГрешка
#ОдбивамДаГласамНаНаместенРеферендум
#БојкотирамСилеџии, напиша Апасиев на својот Фејсбук профил.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This