April 19, 2024, 10:38 pm

ИЗБОРИ КАКО ОВИЕ НЕМАЛО НИКОГАШ: Закани, поткуп, убиство, следење, насилства- Избори како овие немало ниту во раните 90-ти!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на регионалниот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ, Спиро Ристовски, оценува дека ваков тип на избори се спроведувале во текот на раните 90-ти години во Македонија, на почетоците на демократијата.

Низа нерегуларности ги одбележаа овие избори, имаше поткуп, закани и уцени. Потенцира дека онаму каде кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ оделе да ја носат програмата, веднаш по нив во истите домови доаѓале луѓе од СДСМ кои со директни закани им се обраќале на членовите на семејството.

-Згора на се постојано нашите кандидати за градоначалници се следени од цивилни возила кои имаат непостоечки таблици, имаше масовно присуство на полиција на сите места. Имаше ситуација за која ние имаме и видео материјали за тоа како директор на еден Центар за социјална работа оди  и агитира, а полиција го штити. Кога во даден момент реагираат наши активисти, полицијата реагира кон нив, истакна Ристовски.

Тој реагира дека ДИК има двојни стандарди за оцена на изборите. Во споредба, по изборите во 2014-та ДИК имаше маратонски и јавни седници во обид да се одземе едно пратеничко место на ВМРО-ДПМНЕ, се правеше вештачење, се повикуваа лица да сведочат. Сега, вели Ристовски, и покрај доказите и покрај записниците, ДИК држеше затворена седница до 7 часот наутро одбивајќи ги сите приговори.

-По 27 години во Македонија има убиен носител на листа во сред изборна кампања, има градоначалник кој има сериозни оштетувања на главата како резултат на физички напад. Имаше стотици кривични пријави поднесувани во рамки на кампањата. По првиот круг гласање во Штип, веќе следниот ден во општината беше пратена финансиска полиција. Сето тоа се форми на притисок кои влијаат врз граѓаните, а таквото влијание придонесува за од страв што помалку да излезат на гласање поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ и поткупување на останатите гласачи. Ние информиравме дека меѓу двата круга се случуваат купување на гласови, се следат кандидатите за градоначалници, вели Ристовски.

Тој потенцира дека СДСМ ја злоупотребуваше полицијата и дека тоа се докажа јасно, со докази, факти и сведоштва, но реакција нема.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This