ИЗБОРИ СЕ БЛИЖАТ, ВРАБОТУВАЊА СЕ НИЖАТ: ЈСП вработува повеќе од 100 луѓе среде лето

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје отворени се 112 нови работни места, од кои според конкурсот 100 се за возачи на автобуси, а 12 ќе бидат вработени како администрација. Во јавниот оглас кој е објавен деновиве, ЈСП бара да се пријават 112 лица кои, доколку ги исполнат условите за вработување, би се вработиле на неопределено време како помлади возачи во јавниот градски превоз и административци. Од кандидатите за возачи се бара да го знаат македонскиот јазик, да се здpaви, да не се kaзнувани, да имаат возачка од Д категорија и да се со или без работно искуство.

Она што е во најмала рака симптоматично е тоа што во летниот период кога е намален обемот на работа на претпријатието, односно помал број на патници се превезуваат со јавниот превоз е објавен ваков конкурс. Се отвора прашањето дали можеби власта се припрема за нови предвремени парламентарни избори, откако низа ckaндали значително го нamалија рејтингот на СДСМ, сега работат на контpoла на штeтaта.

Линкови од конкурсот за вработување објавен на страницата на ЈСП:

http://www.jsp.com.mk/proekt.aspx?proekt=55

http://www.jsp.com.mk/proekt.aspx?proekt=54

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This