ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК ПАК ЌЕ СЕ МЕНУВА: Без претседател на Собрание нема локални избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во ваков случај сѐ поизвесно е дека изборите за градоначалници ќе се одложат за наесен, а не се исклучува можноста тие да се одржат заедно со новите парламентарни избори.

header-plenarni-sednici

Откако вчера Собранието не се состана за да ја започне процедурата за распишување на локалните избори, станува јасно дека изборите за градоначалници ќе мора да се одложат.

Шести март беше крајниот датум до кога изборите мораше да се распишат за да се запази минимумот од 70 дена, колку што треба да поминат од денот на распишување до нивното одржување.

Изборниот законик по однос локалните избори е прецизен и јасен и вели дека тие мора да се одржат во првата половина на мај без да биде назначен точен датум. Ако се знае дека кај нас изборите традиционално се одржуваат во недела, 14 мај е последниот датум на кој би можеле да се организираат.

Во ваков случај, сѐ поизвесно е дека изборите за градоначалници ќе се одложат за наесен, а не се исклучува можноста тие да се одржат заедно со новите парламентарни избори.

Македонија веќе има искуство со одложување на локалните избори. Тоа се случи во 2013 година кога тие беа одложени на неколку месеци поради бојкотот на СДСМ.

Уставот дозволува Собранието со двотретинско мнозинство да изврши измени во Изборниот законик и локалните избори да се одложат.

„Локалната самоуправа се уредува со закон што се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија. Законите за локално финансирање, локални избори, општинските граници и за градот Скопје, се донесуваат со мнозинство гласови од присутните пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од присутните пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија“, стои во амандманот 16 од Уставот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This