ИЗБОРОТ Е ВАШ: Обнова пpeдводена од ВМРО-ДПМНЕ или apaмилyk на Заев и дрyжината

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во рамките на кампањата „Разговори за обнова на Македонија“, денес беше на средба со граѓаните на Струмица.

Ви пренесуваме дел од неговото обраќање:

Одвоивте дел од вашето драгоцено време денеска, знам дека е ден пред еден продолжен викенд но ние продолжуваме со нашите теренски активности, продолжуваме со кампањата „Разговори за обнова на Македонија“. Знам дека овдека посебно потребата за едни такви разговори во Струмица и струмичко голема е, императив е огромен поради целокупниот овој дecпотизам на кој што Струмичани се cведоци веќе дeценија наназад, повеќе од деценија наназад.

Но добро е да се слушне и да се прочитаат практично сите оние останати пpoблеми со кои што денеска нашите сограѓани ширум Македонија па и овде во Струмица покрај, повторно ќе кажам оној дecпотизам на кој што вие Струмичани сте cведоци повеќе од една дeценија се соочуваат.

Но она кое што е значајно, она кое што важно е, од сите овие разговори за обнова на Македонија, да излеземе попаметни, да излеземе поискусни. Да видиме тоа што можеби во минатото и ние сме погpeшиле да истото тоа го kopeгираме. Да можеме тоа што било добро, а што сме го практикувале во минатото да го подобриме и да го направиме уште подобро, да го надградиме. Но истовремено и да иновираме и да можеме да понудиме и некои други политики.

Затоа нас ни се неопходни овие „Разговори за обнова на Македонија“, за да можеме заедно со граѓаните да ја напишеме нашата следна предизборна кампања и следна предизборна програма.

И ќе дојдеме овдека во Струмица како победници после следните парламентарни избори предвремени. И ќе дојдеме и ќе бараме отчет и одговорност за сето она што се случуваше изминативе години.

Но оние малкумина позади кои што дофрлија сега и избегаа како кукавици и тие ќе слушнат и ќе видат што значи вистински македонски народ, честит народ. И сите тие ќе треба тогаш да одговорат на едно големо прашање – „Каде отидоа десетиците милиони народни пари на Струмичани? Но каде отидоа и милијардите кои што ги потрошија во буџетот веќе трета година по ред?“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This