ИЗБОРОТ НЕВАЛИДЕН, А ЈА САКА ФОТЕЛЈАТА: Џафери решен да седне на местото на Вељаноски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Џафери осоколен од поддршката што ја доби од САД најавува дека од денеска ќе почнел да го става во функција Собранието.

tal_sre1

Во Собранието денеска ќе има возбудлив ден со многу тензии и лесно може да се случи да се повторат сликите од минатата недела. По посетата на Хојт Ји, станува јасно дека САД по секоја цена ќе сакаат што поскоро да се формира влада на СДСМ и на албанските партии откако надвор од сите процедури во четвртокот Талат Џафери беше избран за претседател на Собранието.

Тоа што тој беше избран спротивно на Деловникот, надвор од секаков закон и устав, за САД и за ЕУ нема никаква важност и за нив тоа било сосема легитимно. Хојт Ји вели дека постапката била транспарентна и дека очекува Џафери да почне со работа.

Џафери, пак, осоколен од поддршката што ја доби од САД, најавува дека од денеска ќе почнел да го става во функција Собранието. Тој денеска најавува дека ќе седне на столчето на Вељаноски и додава дека тоа ќе го сторел согласно Деловникот.

sobranie-1

Според најавите на Џафери, денеска може да се очекува вистинска тепачка помеѓу т.н. претседател и претседавачот на Собранието. Инаку, за денеска не е закажана пленарна седница и веројатно Џафери индивидуално ќе дојде по „клучот“ од претседателскиот кабинет.

Првата работа што Џафери вели дека ќе ја направи е да го информира претседателот Иванов дека е формирано ново парламентарно мнозинство, по што шефот на државата би морал да му го додели мандатот за формирање влада на Зоран Заев. Но Уставот не предвидува такво нешто, напротив, претседателот на државата го информира собранискиот спикер дека е одреден мандатар, по што би можела да започне постапката за избор на нова влада.

Џафери во интервјуто за ХТВ напомена еден интересен детаљ кој може да даде нова димензија во формирањето на идната влада.

На прашањето дали тиранската декларација го урива суверенитетот на Македонија, Џафери рече дека не се работи за никаква декларација, туку за договор помеѓу партиите за постизборна соработка.

19 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This