Избрани нови 28 судии

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Судскиот совет на Република Македонија денеска на седница избра нови 28 судии во различни степени на судството.

 

Како што информираат од Судскиот совет, во Основен суд Скопје 2 се избрани Ерол Абдулаи, Вероника Станојевска и Александра Палашевска, канадиати од Академијата за судии и јавни обвинители.

Во Основен суд Скопје 1 избрани се Ненад Савески и Даниела Димовска, кандидати од Академијата за судии и јавни обвинители.

Во Основен суд Велес Дара Арсова и во Струмица Ратка Муканова.

Во Апелацискиот суд Скопје се избрани Ѓорги Радојков и Зора Треневска во граѓанска област, Санде Зиков од областа на работни односи, Наташа Савовска Димитровска за трговска област и Јани Нича за кривична област.

Во Апелациски суд Битола Анита Милошевска за кривична област, во Апелациски Гостивар Али Алиу и Лилјана Ицкова за граѓанска област и Ханиф Зендели за кривична област.

Во Апелациски суд Штип избрани се Сузана Здравева за граѓанска област и Тони Делев за кривична област.

Во Управниот суд е избран Ељмедине Асани и во Вишиот управен суд Емрије Зубери и Рина Исени.

Во Врховниот суд се избрани за граѓанска област Снежана Бајлазова, Надица Андреева, Рахилка Стојковска и Стојанче Рибарев.

Судскиот совет донесе и одлука за престанок на судиска функција на: Лидија Мијаковска, судија на Апелационен суд Битола,  Љубинка Ѓорѓиевска, судија на Основен суд Скопје 1 Скопје,  Катерина Димитровска, судија на Основен суд Кочани, Ѓорге Чурлинов, судија на Основен суд Гевгелија, Јован Неделковски, судија на Основен суд Струмица,   Милан Николов, судија на Основен суд Кавадарци, поради навршени 64 години.

Донесена е Одлука за престанок на функција судија-поротник во Апелацискиот суд Гостивар, по сопствено барање на  Сузана Пајазити и Одлука за престанок на функција судија-поротник во Основен суд Скопје 1 Скопје по предлог листа на претседателот на судот и по сопствено барање на  Олга Крстевска и Снежана Стојановска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This