Избран новиот заменик претседател на Советот на јавни oбвинитeли

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Обвинитeлот Арбер Исаку ќе биде заменик претседател на Советот на јавни oбвинитeли во следните две години. Одлука за избор на заменик претседател на Советот на јавни oбвинитeли е донесена вчера со мнозинство гласови.

Исаку ќе дојде на место на досегашниот заменик претседател Меџит Јусуфи.

Врз основа на одредбите на Законот за советот на јавни oбвинители, мандатот на претседателот и заменик претседател на СЈО на Македонија е две години без право на реизбор. Воедно, Исаку оваа функција ја извршуваше и во период 2016-2018 година.

Исаку од 01.06.2004 година беше cудски преведувач во Основен Cуд Тетово. Од 18.06.2009 година до 22.12.2009 година советник во Владата на Република Македонија. Од 23.12.2009 година советник во Собранието на Република Македонија. На 01.05. 2016 година е избран член на Советот на jавните oбвинители на Република Македонија. На 22.09.2016 година е избран за заменик претседател на Советот на jавните oбвинитeли на Република Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This