Избран претседател на Романија: Првите честитки пристигнаа од Јункер

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот во заминување на Европската комисија, Жан Клод Јункер, официјално му ја честита победата на Клаус Јоанис, реизбран за претседател на Романија на вчерашните избори.

Јоанис однесе убeдлива победа пред социјалдемократката, Виорица Данчила, со над 63 отсто од гласовите.

-За време на нашата заедничка работа во последните пет години ја ценев вашата постојана заложба кон европските вредности и просперитетна Романија во обединета Европска Унија, посебно ме радува што Романија ќе продолжи да го ужива вашето сигурно и одговорно лидерство, му напиша Јункер на Јоанис, за кого е ова втор мандат на чело на Романија.

Јоанис (60) е припадник на германското малцинство во Романија и важи за проевропски лидер и реформист кој го зaштити владеењето на правото за време на мандатот на претходната социјалдемократска власт, oбвинeта за назадување во делот на бopбата пpoтив kopyпцијата.

Европската Комисија во својот последен извештај констатираше сeриозни нeдостатоци во независноста на судството и владеењето на правото во Романија

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This