ИЗБРИШЕТЕ ГО ФЕЈСБУК: Создавачот на апликацијата „WhatsApp“ повика луѓето да ги избришат своите ФБ профили

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По скандалот со Фејсбук во кои приватните информации на преку 50 милиони корисници протекоа, хаштагот #DeleteFacebook добива моментум. На ова движење се приклучи и еден од создавачите на апликација WhatsApp Брајан Актон.

Кампањата ги повикува корисниците на социјалните медиуми да се откажат од Фејсбук, но исто така и Instagram и WhatsApp, кои се во сопственост на истата компанија. Акциите на Фејсбук паднаа за над девет проценти само во последните два дена, губејќи околу 50 милијарди долари од вредноста на компанијата.

Гигантот на социјалните медиуми го купи WhatsApp за 19 милијарди долари во 2014 година, но Актон веќе инвестираше 50 милиони долари во конкурентот на WhatsApp, апликацијата Signal во февруари, пред да се приклучи на реакционерното движење за бојкот на Фејсбук. Тој вчера на својот Твитер изјави: “Време е. # DeleteFacebook.”

Компанијата Cambridge Analytica, наводно, купила мета податоци собрани од 50 милиони корисници на Фејсбук, со цел водење на таргетирана пропаганда на американските корисници на Фејсбук за време на претседателските избори во 2016 година.

Федералната трговска комисија (ФТК) во моментов ги испитува постапките на Фејсбук и наводната злоупотреба на личните податоци на корисниците. Компанијата потпиша договор за согласност со ФТК во 2011 година, гарантирајќи ја приватноста на податоците во врска со користењето на личните кориснички податоци. Според овој договор корисниците “ќе добијат известување и ќе мора да се согласат за Фејсбук да ги споделуваат нивните податоци со надворешни фирми”.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This