ИЗБРКАНИ 32 ЛИЦА ОД АМБАСАДАТА НА САД: Вработени во амбасадата на САД ширеле порнографија на социјалните мрежи во Камбоџа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американската амбасада во Камбоџа отпушти 32 работника бидејќи учествувале во споделување на порнографска содржина во неофицијална група на социјалните мрежи.

Според западните медиуми, фотографии и видео снимки, на кои се наоѓаат и лица помлади од 18 години, биле споделувани преку група на Фејсбук.

Фотографиите ги открила сопруга на еден од вработените и го пријавила случајот во Амбасадата, која, пак, ги испратила во Федералното истражно биро (ФБИ).

– Одземени им се акредитациите и телефоните поради натамошна проверка, наведува анонимен извор.

Меѓу отпуштените има и Американци, припадници на обезбедувањето и локален персонал, но нема дипломати.

Стејт департментот засега не го потврди случајот, објаснувајќи дека станува збор за доверлива работа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This