ИЗБРКАН ОД ВМРО-ДПМНЕ, „ПРЕМИНАЛ“ ВО СДС: Братот на сопственикот на „порталот“ Доказ.мк, од затвор „премина“ во СДС

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Низа на провладини портали денес радосно ја обзанија веста дека „претседател на месен комитет“ на ВМРО-ДПМНЕ од Крива Паланка, наводно „преминал“ во редовите на СДС, во Крива Паланка

Имено, се работи за лицето Стефчо Стаменковски, брат на Марјан Стаменковски кој патем кажано, е сопственик на „порталот-таблоидот-порно сајт“ Доказ.мк кој важи за еден од најгнасните примери на про-владина пропаганда.

Стефчо Стаменковски, „преминатиот“ од ВМРО-ДПМНЕ е исклучен речиси пет години, откако бил осуден на казна затвор во траење од три години поради поседување и дистрибуција на детска порнографија и заведување на малолетници.

Истиот, е обвинет и за фалсификување на работни визи и измама на граѓани со работа во странство, исто така на три години затвор.

Освен ова, истиот има редица на кривични пријави за семејно насилство.

Тоа е човекот кој „премина“ во СДС. Криминалец, затвореник, насилник, одамна исклучен од ВМРО-ДПМНЕ поради неговото однесување. Впрочем, на фотографијата која е поставена на провладините сајтови тоа може и да се заклучи, ако се има во предвид дека приложената членска книшка од ВМРО-ДПМНЕ е стара и надвор од употреба, а потпишана од поранешниот генерален секретар на партијата Змејковски.

 

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This