March 28, 2024, 11:08 am

Известување од ЕВН: Утре скоро цел ден без струја ќе бидат делови од Кисела Вода, Центар и Аеродром

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека поради планирани технички зафати во електросистемот во градот Скопје, утре без струја ќе останат:

– во периодот од 8.30 до 15 часот корисниците улицата Марко Орешковиќ (општина Кисела Вода);

– во периодот од 8 до 9.30 часот ресторанот „Интермецо“, карате-клубот „Работнички“, сервисите за миење возила на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов со броевите 70, 75, 77, 79 (Општина Центар);

– во периодот од 8.30 до 18 часот стопанските и нестопанските објекти од семафорите во Пинтија до мостот на влезот во Драчево, сите компании и бензински пумпи од тој дел ќе бидат со повремени прекини во тој период (Општина Кисела Вода);

– во периодот од 8.30 до 13 часот корисниците во зградата на „Кјуби“ (Општина Центар);

– во периодот од 8 до 10.30 часот корисниците од улицата 1611 (Општина Аеродром);

– во периодот од 13 до 15.30 часот корисниците од булеварот Трета македонска бригада, делот кај подулицата со бр. 3 (Општина Аеродром);

– во периодот од 9 до 11 часот корисниците на дел од улицата Хелсиншка околу броевите 11 и 13, улицата Ташкентска околу броевите 20 и 22 (Општина Карпош).

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This