ИЗВЕШТАЈ ЗА ,,НАПРЕДОКОТ”: Европската комисија денеска ќе го објави извештајот за Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан и потпретседателката на Европската комисија, Федерика Могерини, денеска во Европскиот парламент и во ЕК ќе ги презентираат најновите стратегии за проширувањето на ЕУ, пренесува Фокус.

Конечната верзија на овие клучни документи се финализираше до доцна синоќа во просториите на Европската комисија, а Македонија очекува да добие позитивни оценки за реформскиот напредок во мнозинството области, вклучувајќи ги и критичните реформи кои треба да го отворат патот за преговори за членство: cyдството, јавната администрација, разузнавачките служби и бopбата пpoтив коpyпцијата.

Освен Македонија, Албанија исто така очекува да добие зелено светло за старт на преговори и позитивен извештај од ЕК денеска.

Клучна сепак останува одлуката на земјите членки на ЕУ за датумот за преговори, одлука која се очекува најрано во текот на јуни, но која би можела да биде одложена за јули или септември.

Земји како Франција и натаму се противат на стартот на преговори со Македонија и Албанија во јуни. Иако не се исклучува можноста нивните ставови да омекнат, неизвесно е за сега дали и какви последици ќе имаат изборните резултати за Европскиот парламент врз расположението и одлуките во Европската Унија.

Доколку германскиот Парламент успее на почетокот на јуни да одобри преговори со Македонија, тогаш би можело веќе на 18-ти јуни да се стави прашањето на дневниот ред на министрите на ЕУ во Луксембург, каде не е исклучено повторно жecтока дебата помеѓу земјите членки како и минатата година.

Одлуките на земјите членки во секој случај ќе се водат од заклучоците на извештаите на Европската комисија кои се објавуваат денеска, и во тој поглед ќе биде важно да се нотира дали и какви разлики ќе има во формулацијата за Македонија и за Албанија.

Извештаите ќе им биде презентирани на европратениците во 11,30 часот денеска во Брисел, а потоа пред Европската Комисија по средбата на колеџот на комесари, најавија прес службите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This