April 20, 2024, 11:56 am

ИЗВИНУВАЊА ДО РУСКИОТ НАРОД: Реакциите не стивнуваат – ова е истата шема како онаа со Тајван во 2001-та!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сеуште не стивнуваат коментарите на социјалните мрежи по вчерашниот скандалозен и непријателски чекор кој Македонската влада го превзема кон пријателска замја, членка на Советот за безбедност на ОН, која Македонија ја признава под уставното име, а го признава и нејзиното право на историјата вклучително и античката

 

„Не се нормални, се извинувам на #Рускиот народ што ме владеат вакви глупаци и стока.“ – напиша Љупчо Палевски, екс-претседател на градската организација на СДСМ на својот ФБ профил.

„Ние демек солидарни со ЕУ и НАТО, а не нѐ примаат за членки во ниедна.

Русија признава држава, историја, култура, писменост и апостолската улога, протеруваме дипломати.

Гледајќи ја ситуацијава во Косово, само останува отворено прашање кого ќе повикаат на помош големиве Евроатлантски фундаменталисти?

Терајте вие само „ЕУ, НАТО“, ама размислете некогаш и за луѓето, за народот кој ќе го доведете во безизлезност.“ – напиша екс-помошник министерот во МВР Наталија Ивчева на својот профил, и додаде дека ова е истата шема како пред војната во 2001-та со признавањето на Тајван.

„Ова со протерувањето на руски дипломат, не е ништо поразлично од шемата со признавањето на Тајван.

Пред 2001-та го признавме Тајван, изгубивме поддршка од Кина во СБ, го повлекоа УНПРОФОР, добивме војна.

Нешто слично и сега….“ – напиша Ивчева, која во 2001-та беше помошник-министер за меѓународна соработка на МВР.

„Руски дипломат да избркаш, во оваа наша ситуација кога целиов Запад со нас разговара преку уцени, треба да си дипломатски аналфабет. Изигруваат поголеми католици од Папата, а се обични слуги.“ – пишува Солза Грчева.

„Прв пат во историјата Македонија застанува на погрешна страна. На страната на злото.

Сега веќе нема да сме покусо од бугарите, хрватите, жабарите, норвежаните, французите… Сега и ние ќе има од што да се срамиме. И ние ќе имаме свое фашистичко минато.

Однапред кажувам, за секој еден наш војник што ќе погине во конфликт за сметка на оската на злото – НЕМА ДА ЖАЛАМ. И нема да признаам “знаеш, човек е, христијани сме”.
Македонија застана спроти слободниот и мирољубив свет.“ – напиша новинарот Миленко Неделковски.

12 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This