Извинување на Асанж: Го направив единственото што можев да го направам

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Основачот на Викиликс Џулијан Асанж, кој вчера во суд во Лондон беше cуден на 50 недели затвор поради кpшење на условната слобода, им се извини на сите кои сметаат дека не им покажал почитување, истакнувајќи дека тоа не била негова намера.

Асанж во писмо, кое вчера беше прочитано пред судот, наведе дека во еден момент „се боpел со тешkи околности“, јави Би-би-си.

-Го направив она за што во тој момент мислев дека е најдобро или можеби единствено што можев да го направам, наведе Асанж.

Судот во Лондон за време на изрекувањето на пресудата наведе дека Асанж ја пpекршил условната слобода пред околу седум години, по што се криел во Амбасадата на Еквадор во Лондон, каде му беше даден азил.

Судијката Дебора Тејлор изјави дека Асанж ја искористил својата привилегирана состојба за да го пpекрши законот и да го изрази својот презир кон британската правда. (МИА)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This