Изводот од лиценца што „Беса Транс“ го немалe чинел само 3000 денари…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За секое ново набавено возило врз основа на издадена лиценца од Министерството за транспорт и врски, фирмата може да побара нов извод од лиценца, ако во документите поднесе барање и за постоечките, вели Јован Матеничарски од здружението на транспортери „Легис“, во емисијата „24 анализа“.

Според него, за фирмите доволно е да имаат возачи, со сертификати за меѓународен превоз.

-Изводот од лиценца не е многу скап, околу 3000 денари. Не знам зошто превозникот не побара извор од лиценца. Ако има лиценца, изводи ќе може да земе за колку сака возила. Нема ограничувања. Единствено треба да имаат толку возачи за колку ќе побара изводи од лиценца, рече Матеничарски.

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски вечерва информира дека фирмата „Беса Транс“ немала извод од лиценца и поради тоа, покрената е постапка за одземање на лиценцата за превоз на патници во внатрешен и меѓународен сообраќај.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This