ИЗВОЗ НА СУВИОТ ЦВЕТ ОД КAНAБИС: Во јавноста лебди и дилемата зошто се турка овој закон да се донесе преку ноќ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дали „ќарот“ на семејството Заеви се крие зад злоупотpeбата на европското знаменце за предлог законот за опojни дpoги? Во истиот предвидено е да се дозволи извоз на сувиот цвет од кaнабис, кој може да се користи како опојна дрога. Во јавноста гласно се поставува прашањето дали постои судир на интереси кај премиерот. Според официјално достапните податоци, во текот на минатата година, Заеви инкасирале 3,3 милиони евра од бизнисот со мapихуана, а со новото законско решение заработувачката неколкукратно би пораснала, анализира АЛФА.

 

Осуда за предлог законот пристигна од Здружението за канабис и зелени политики „Билка“.

-Законот да се сконцентрира на тоа што е и целта на легализација на канабис во медицински цели-обезбедување на легални производи од кzнабис, концентриран е на извозот на цвет, бидејки очигледно само бизнис ги занима дур умираме и не апсат. И крајно безобразно и со злоупотреба, Законот е поднесен со европско знаменце со злоупотреба на Директива на ЕУ за психотpoпни супстанци што нема допирна точка со нашиот закон, велат од Билка..

 

 

Во јавноста лебди и дилемата чуму потребата законот да се донесе преку ноќ? Експертите велат дека реална потреба од истиот нема.

 

-Една измена која што кај мене вака навистина побуди голем интерес, тоа е дозволување да се извезува сув цвет од кaнабис. Не ја гледам потребата волку брзо да се предлага закон и волку брзо да се гледа да се помине законот, изјави доктор Андон Чибишев.

 

Инаку, голем број непознаници има во јавноста кои се политиките на власта кога е во прашање мapихуаната. Имено, власта се обиде и да ја скрие средбата на премиерот Заев со самопрогласениот крал на Марихуаната на Инстаграм, Биг Мајк, за која јавноста немаше никогаш да дознае да не се пофалеше тој на Инстаграм.

 

Досега во земјава 29 фирми добија одобрение за одгледување на канабис за медицински цели, од кои клучните играчи на таа листа се роднини и блиски соработници на премиерот Заев.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This