Извршителите тропнаа на вратите од Канал Визија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

После промената на сопственичката структура во Јуни 2018 година и „ребрендирањето“ на Регионалната телевизија – Канал Визија, радиодифузерот се најде на у дар на извршителите. Неофицијално телевизијата има долгови од над 4.000.000 денари, и неподмирени обврски кон вработените за изминатите четири месеци – пишува порталот “Три.мк”.

Телевизијата после “ребрендирањето“ ја смени уредувачката политика и од критички медиум отворено почна да ги поддржува провладините политики. Позади сменетата сопственичка структура се шпикулира дека стои виден бизнисмен од редовите на СДСМ, кој поради недоволната стручност и превработувањето на партиски кадри во телевизијата истата ја донесе пред клинич ка см рт – додаваат од порталот.

Неизвесно е уште колку време овој медиум ќе издржи да опстојува со оглед на тоа што сметката е блокирана, а наплатата на побарувањата за реклами не можат да се извршат. Моментално уредувачката политика на медиумот ја води надворешно лице без продолжен договор за вработување, кое пак е спротивно на законот за медиумски услуги, а поради низа други стандарди кои се пропишани во законот за медиумски услуги а треба да ги исполнува секоја телевизија се очекува секој момент на врата да затропаат и официјални лица од АВМУ и да отворат постапка за одземање на дозволата за работа. Дали Прилеп ќе остане без телевизија која ќе ги обработува локалните теми ќе се знае во наредните неколку недели, завршуваат од порталот “Три.мк”.

Извор: “Три.мк”

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This