ИЗВРШИТЕЛИ КАЈ КАМЧЕВ: Се продава „Здравје Радово“ најголемата млекарница во Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Здравје Радово“ најголемата млекарница во Македонија ќе се продава, објави телевизија Алсат. На 16-ти месецов извршител напрвил заплена во сопственичкиот удел во млекарницата.

Според официјален документ објавен на Централниот регистар, „Здравје Радово“ должи 4 милиони и 300 илјади евра како главен долг, 20 илјади евра по основ на камата, и 9 илјади евра плус ДДВ – трошоци за извршител.

Продажбата на млекарницата ќе ја прави НЛБ Тутунска банка од каде млекарницата земала кредити, а не ги враќала.

Две фирми се јавуваат како сопственици во „Здравје Радово“. 99 проценти од млекарницата се во сопственост на Земјоделкиот комбинат Пелагонија, а 1 процент поседува компанијата Пелагонија Енерџи ДООЕЛ.

Сопственици на ЗК Пелагонија се Орка Холдинг на Орце Камчев, Цветан Панделевски и контроверзната оф шор фирма „Ексико“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This