ИЗВРШНАТА ВЛАСТ СО ОПСТРУКЦИИ: Антонио Милошоски обвини за опструкција при изборот на нови членови на ДИК!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски обвинува дека извршната власт планира да го опструира изборот на нови членови на ДИК.

Милошоски на Фејсбук објави дека владејачкото мнозинство, односно министер од редовите на СДСМ се јавил на неколку пратеници и побарал пратениците да гласаат против одлуката за комплетирање на ДИК, пратениците од владејачкото мнозинство да ја симнат точката за ДИК од дневен ред или СДСМ и ДУИ да ја поместат точката за ДИК подолу и пред стата да дојде на ред седницата да се прекине и да презакажувањето на истата да се одолговлекува.

„Објаснувањата дека се преговара со опозицијата за Изборниот законик и ДИК се бледи изговори, бидејќи изборниот законик е широка материја која опфаќа многу прашања, за чие усогласување се потребни неколку месеци. А комплетирањето на ДИК е законска обврска сега и не се коси со било какво усогласување на Законот во иднина“, пишува Милошоски.

Тој пред нецел месец предложил Собранието да ја усвои одлуката за јавен оглас за комплетирање на составот на ДИК и владејачките партии (Тунтев од СДСМ, Адеми од ДУИ) се изјасниле дека е законски, коректен и дека ќе го поддржат. Истото го потврдило и раководството на ВМРО-ДПМНЕ, но во меѓувреме, според Милошоски нешто се сменило.

На 34. седница на Собранието, која е закажана за 12 часот, предлог-одлуката за објавување претседател, потпретседател и шест членови на ДИК е втора точка на дневниот ред.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This