ИЗВРШНИОТ КОМИТЕТ НА ВМРО-ДПМНЕ СО ОДЛУКА: На 16-ти фебруари на конвенција ќе се бира претседателски кандидат – 10 дена трае огласот за пријавување!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Предмалку заврши седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ која се одржа во Прилеп, веднаш по протестот на опозицијата на која се донесени повеќе одлуки, меѓу кои и онаа за одржување на партиска конвенција на која ќе се бира кандидатот за претседател на Р.Македонија

„На седницата на Извршниот Комитет разговаравме за две точки. Првата точка е актуелната економска и политичка ситуација во Република Македонија каде што ги констатиравме сите оние промашувања од страна на владата на СДСМ предводена од Зоран Заев. Подетално ќе разговараме на седницата на Централниот Комитет на партијата, но исто така го утврдивме и гантограмот на активности кој што ќе следува во периодот, а тој се однесува на избор практично на претседателски кандидат кој што ќе ја добие поддршката на ВМРО-ДПМНЕ на следните претседателски избори, кој што треба да кулминира со, се разбира изборна конвенција која што ќе се одржи на 16 февруари 2019 година.“ – стои во соопштението на партијата.

 

Заклучокот донесен на Извршниот комитет на партијата ќе биде ставен на гласање пред членовите на Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кој треба да ја донесе и конечната одлука за одржувањето на конвенцијата.

Огласот ќе трае десетина дена, потоа ќе се констатира листата на пријавени кандидати кои што ќе ја бараат поддршката на ВМРО-ДПМНЕ  за следните претседателски избори, а потоа во рок од 15 дена, но не подоцна од 10 февруари ќе трае нивното образлагање на визијата како иден претседател на Република Македонија за политиките кои што ќе ги водат во рамките на општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ средби со граѓани и така натаму, а потоа на 16 февруари ВМРО-ДПМНЕ на конвенција ќе го избере претседателскиот кандидат односно кандидатот кој ќе ја добие подршката на ВМРО-ДПМНЕ на следните претседателски избори, на избори кои што имајќи ја во предвид актуелната политичка ситуација во државата но и новите политики кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги промовира во периодот кој што следи  очекуваме сериозна победа и победа која што ќе ја отпочне победата на следните предвремени парламентарни избори во Република Македонија на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија. – рече Мицкоски во изјава веднаш по завршувањето на седницата.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This