ИЗГАСИЈА ЕДЕН СЕ ЗAПAЛИ ДРУГ ОГАН: Сините полициски елеци протестираат, нема кој да се справува со жолтите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шефот на француската држава Емануел Макрон ги претстави денеска деталите на предлог-законот пред Советот на министри, со цел да ја спаси Франција од кризата со „жолтите елеци“. Истовремено денеска француската полиција стапи во штрајк, поради неисплатените надоместоци за прекувремена работа.

Како што јави МИА од Париз, предлог законот за итните мерки беше поднесен денеска во Собранието, истакна портпаролот на Владата, Бенјамин Гриво, веднаш по завршувањето на министерскиот совет, кој е последен за оваа годината. Тој ги потврди мерките што ги објави Емануел Макрон на 10 декември како одговор на “жолтите елеци” и го потврди нивното спроведување на дело.

– Донесовме одлуки. Сите мерки донесени во ноември ќе бидат ефективни, увери Бенжаман Гриво, додавајќи дека „големата дебата“ за излез од кризата, побарана од страна на претседателот не треба „да ги поништи“ одлуките донесени од пред18 месеци.

Премиерот Филип ја промени стратегијата

По една недела колебање, премиерот Едуард Филип одлучи да ја промени стратегијата. Во врска со минималната плата, зголемувањето од 100 евра нема да се однесува на сите кои се на минималец, како што тој најави минатиот вторник, туку само на половина од вработените со минималец. Од друга страна, зголемување ќе има за лицата чија плата е повисока од минималната плата. Тоа ќе го надмине бонусот за активност, зголемен за 90 евра, што ќе го искористат пет милиони даночни обврзници, наспроти 3,8 милиони моментно. Оние кои не се во брак и заработуваат 1.560 евра нето приход, ќе можат да имаат корист од овој бонус, како и самохраните мајки чии примања достигнуваат 2.000 евра. Овој бонус ги вклучува самовработените и државните службеници чија плата е близу до минималната плата. Оваа премија за ревалоризирана активност ќе треба да се исплати пред 31 март, истакна Гриво.

Како што нагласи Макрон пред осум дена, ослободувањето од придонесите за социјално осигурување на доход од прекувремена работа ќе започне од 1 јануари 2019 година, наместо на 1 септември. Овие прекувремени часови, исто така, ќе бидат ослободени од данок. Предлог-законот додава важно објаснување за јавните финансии. Со цел да се избегнат неочекуваните ефекти во компаниите кои се појавиле за време на истата мерка воведена од Саркози, изземањето на данокот на доход ќе биде ограничено на 5.000 евра годишно.

Синдикатите на јавните служби се незадоволни и оценија дека од овие мерки се исклучени вработените во јавните служби. Тие бараат да бидат исто така опфатени со мерките, а пет нивни синдикати в петок ќе бидат примени на разговор во Министерството за финансии.

Инаку „големата национална дебата“, која ја бара шефот на француската држава, според портпаролот на Владата мора да се осврне на четири главни теми – еколошката транзиција, оданочувањето, државната организација, демократијата и граѓанството. Таа дебата ќе треба да доведе “до крајот на март – средината на април” до „многу конкретни одлуки, зависно од утврдениот консензус“.

Штрајкува и полицијата

Истовремено додека се носат мерки поради протестите на жолтите елеци, денеска вработените во француската полиција стапија во штрајк, поради неисплатените надоместоци за прекувремена работа, што предизвика застои на парискиот аеродром „Шарл де Гол“.

Управата на аеродромската полиција соопшти дека застои поради штрајкот има само на Терминалот 1, додека на остантите два терминали турканиците настанале поради „големиот број патници“.

Штрајкот се одржува во организација на полицискиот синдикат Алианс, кој ги повика полицајците денеска да реагираат само на „итни случаи“, откако преговорите меѓу неговите претставници и Министерството за внатрешни работи околу надоместоците за прекувремна работа за време на протестите на „жолтите елеци“ западнаа во ќор-сокак.

Француската Влада вчера соопшти дека ќе им исплати по 300 евра бонус на околу 111.000 полицајци, кои се ангажирани во обезбедувањето на протестите на „жолтите елеци“. Според најавите, ваквата одлука ќе ја чини Франција 33 милиони евра.

Меѓутоа, синдикатот Алианс не е задоволни со владината одлука и бара државата да инвестира во реформа на полицијата и на полицајците да им бидат исплатени надоместоците за прекувремена работа, а не бонуси.

– Не сме на продажба и не можете да не купите. Кризата сигурно нема да биде решена со овие бонуси, изјави претставник на синдикатот.

Преговорите меѓу синдикатот и Министерсвтото за внатрешни работи беа прекинати вчера, по што за денеска е најавено нивно продолжување.

Медиумите и вчера објавија дека активностите на жолтите елеци не се прекинати, а симболично беше најавено дека по жолтите во Франција доаѓаат и сините елеци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This