ИЗГОРЕ АМЕРИКАНСКОТО ЗНАМЕ: Ирански пратеници запалија хартиено американско знаме во Парламентот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ирански пратеници денеска запалија хартиено американско знаме во Парламентот и извикуваа „Смрт на Америка“, откако претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа одлучи да се повлече од нуклеарниот договор за Иран.

Денешниот импровизиран протест во Парламентот, на кој беше изгорен и лист хартија кој го симболизира нуклеарниот договор, е показател за големото незадоволство на јавноста во Иран од одлуката на Трамп, коменитраат светските медиуми.

Претседателот на иранскиот Парламент, Али Лариџани одлуката на американскиот претседател ја нарече „дипломатско шоу“ и изјави дека во сегашната ситуација Техеран не е должен да ги извршува своите обврски од договорот.

– Одлуката на Трамп е закана за мирот и безбедноста, рече Лариџани.(МИА)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This