April 26, 2024, 10:49 am

Изградбата на горниот дел од затворениот пазар во Велес по вторпат се пролонгира

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Изградбата на горниот дел од Затворениот Градски пазар во Велес која требаше да биде завршена на 15 септември повторно се пролонгира. Градоначалникот Аце Коцевски на последниот прес неделава рече дека како општина ќе ги превземат сите заштитни механизми изведувачот скопската фирма „Бауер БГ“ да плати казна на крајот за непочитување на договорот.
Градоначалникот воедно информира дека од Светската банка која им даде заем за долниот дел од пазарот веќе имаат притисок да го внесат во работа изведувачот на долниот дел од пазарот, а за што на тендер е избрана битолската фирма „БВ инженеринг“.
При свеченото започнување на работите на Горниот дел од пазарот на 3 април годинава беше истакнато дека работите ќе бидат завршени за четири месеци, односно дека рокот истекува на 4 август, но со оглед на тоа што активностите не беа заршени рокот се пролонгира до 15 септември, за сега да биде продолжен по вторпат.
-Минатата недела имавме тензичен разговор со изведувачите на горниот дел од пазарот, откако јас стекнав впечаток, после ветувањето дека ќе стасаат до 15 септември дека нема да стасаат до 15 септември. Затоа ние ќе ги превземеме сите заштитни механизми за да платат казнени пенали на крајот, најави Коцевски.
Тој информира дека деловите за кровната конструкција неделава пристигнуваат од царина во Велес.
-При крај се, но ќе има доцнење и од тие причини не можеме да чекаме да се заврши горниот дел,за да тезгите од долниот дел се префрлат во горниот дел. Ни вршат притисок од Светската банка да го внесеме во работа изведувачот на долниот дел од Градскиот пазар, а тоа е битолската фирма „БВ инженеринг“, појасни Коцевски.
Тој информира дека веќе се договориле со директорот на ЈКП „Дервен“ од идниот вторник попладне, среда и четврток да го испразнат долниот дел од пазарот и тезгите за зеленчук да ги префрлат покрај Вардар каде сега се тезгите за алишта. Воедно, во меѓувреме треба да најдат и алтернативно решение за продавачите на јајца и сирење.
-Сето тоа за од следниот петок да можеме да го воведеме во работа изведувачот на Долниот дел од пазарот, без оглед колку плус денови ќе задоцнат изведувачите на горниот дел од пазарот да нема застој при Долниот дел од пазарот. Сето тоа со цел да може до Нова година да биде монтирана. Долниот дел од пазарот, а кој се финансира со заем од Светската банка. Таму критериумите се малку посложени и должни сме да бидеме многу повнимателни заради постапките. Тендерот е воден според правилата на Светската Банка, истакна Коцевски.
На започнување на работите премиерот Зоран Заев, информира дека за овој капитален објект за Велес, обезбедени се вкупни 86 милиони денари, плус 15 милиони денари, од кои 40 милиони денари Општина Велес ги обезбеди од Владата, од стапката за капитални дотации на единиците за локална самоуправа, а останатите 46 милиони денари како заем од Светската Банка преку Програмата за подобрување на општински услуги.
Дополнително тогаш премиерот Заев најави дека се очекува и финансиска подршка од 15 милиони денари преку Центарот за развој на Вардарскиот плански регион, а што треба да ги обезбеди Бирото за регионален развој. Со тоа треба да се обезбедат вкупно сите финансиски средства за комплетна изградба на покриен Градски пазар во Велес

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This