Изгубиja милиoни зa нeкoлкy чaca: Дpaмaтичeн пaд нa вpeднocтa нa кpиптoвaлyтитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Цената на биткоинот, најпознатата криптовалута, денес падна на најниско ниво во три месеци, а падот се случи затоа што инвеститорите ја продаваа таа криптовалута, откако неодамна милијардерот и извршен директор на „Тесла“, Елон Маск, навести дека производителит на автомобили размислува да продаде дел од своите биткоини.

Тој на Твитер објави дека компанијата „Тесла“ не продала никаков биткоин.

Маск неколку пати ги охрабрување пазарите на криптовалути со своите ентизијастички изјави на социлајните мрежи, но во последно време тој се „олади“ во врска со биткоинот во корис на „Dogecoin“, пишува Ројтерс, додавајќи дека приказната започнала да ги плаши трговците.

– Ова оди од „страв да не бидат изоставени“ до „страв да не излезат на време„, па затоа гледаме дека многу луѓе се ослободуваат од криптовалутите, изјави Крис Вестон од брокерската куќа Пеперстоун во Мелбурн за британската агенција.

Биткоинот падна повеќе од девет проценти денес, на 42.185 USD, што е најниската вредност од 8. февруари, додека етериумот падна уште повеќе, на 3.123.94 USD. Dogecoin ослабе скоро 7 проценти, а сите три криптовалути беа далеку под неодамнешните рекордни највисоки нивоа.

Да потсетиме, Маск во средата објави дека компанијата „Тесла“ може да престане да прима биткоин, поради еколошки проблеми, поради големата потрошувачка на енергија при обработка на трансакции.

Објавата на Твитер може да ја погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This