ИЗИГРАНА ИЗБОРНАТА ВОЛЈА НА ШВЕЃАНИТЕ: Левичарите и зелените по 130 дена договорија Владата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Четири месеци по изборите е формирана Владата на Шведска, јавува Anadolu Agency (AA). Иако победи десницата, не успеа да формира Влада.

Завршен е политичкиот застој кој траеше 130 дена. Општите избори во таа земја се одржани на 9 септември, а конечно е завршена кризата во власта со формирањето на коалициска влада, составена од Социјалдемократската работничка партија на Шведска и Зелените.

Новата Влада ја доби довербата на пратениците во Парламентот на таа земја.

Премиерот и претседателот на Социјалдемократската партија, Стефан Лофвен, изјави дека Владата на црвено-зелената коалиција, која е на власт од 2014 година, ќе продолжи и во следните четири години да управува со земјата на најдобар можен начин.

На општите избори на 9 септември минатата година гласаа 7,5 милиони гласачи. За апсолутно мнозинство во Парламентот потребно е партијата или политичкиот блок, односно коалицијата, да има 175 пратеници, од вкупно 349 места.

Шведскиот левичарски блок не успеа да освои доволно гласови за да има мнозинство за самостојно формирање на новата Влада.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This