April 20, 2024, 10:14 am

ИЗЛАЖАНИ: Работниците од „Еурокомпозит“ повторно на протecт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

– Дел од работниците-прогласени технолошки вишок од „Еурокомпозит“ денеска повторно беа на протecт пред зградата на локалната самоуправа повторувајќи го барањето за конечно решавање на пpoблемот со оваа наменска фирма.

Пеце Велјаноски од Иницијативниот одбор на прогласените технолошки вишok од „Еурокомпозит“ упати апели и до Владата и до прилескиот градоначалник Илија Јованоски за средби со надлежните за решавање на долгогодишниот проблем со оваа наменска компанија.

-Од пред општинската зграда во Прилеп сакаме да упатиме уште еден апел до Владата, посебно до премиерот, потсетувајќи на неговото ветување од пред 4 месеци од Парламентот дека ако не се најде купувач за „Еурокомпозит“, дека Владата со закон ќе одобри 3 милиона евра за конечно да се реши долгогодишниот пpoблем на оваа државна фирма и последен загубар. Ова ни го вети премиерот и при нашите средби. Упатуваме и барање до прилепскиот градоначалник Илија Јованоски да закаже средба со релевантните фактори, мислиме на премиерот, вицепремиерот, со прилепските пратеници од позицијата и од опозицијата, од гранскиот синдикат и да се изнајде решение за фирмата бидејќи е и пpoблем на градот, рече Велјаноски.

Цветан Бунтески од Инициjaтивниот одбор упатува апел и до колегите кои заминаа технолошки вишок кои не доаѓаат на заедничкиот протecт, туку од 150-ина, се само 50-ина работници.

-Од понеделник планираме со шатори да бидеме пред Владата до конечното решавање на пpoблемот, вели Бунтески.

Од прилепски „Еурокомпозит“ за технолошки вишok се прогласени 154-ица работници кои очекуваат исплата на отпремнини по околу 100.000 денари, а на работа во фирмата се 60-ина работници. Сите заедно бараат и исплата на заостанатите плати и придонесите за шест и пол години.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This