Излегување само еднаш неделно: Еkстремни мерки во Велика Британија поради нekонтролираното ширење на вирусот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот на Велика британија, Борис Џонсон, со колегите од Кабинетото разгледува за построги епидемиолошки мерки во борбаа против корона вирусот, меѓу кои ќе бидат задолжително носење маски на отворено, забрана на социјални средби и ограничување на вежбањето.

Како што пишува „Дејли Мејл“’, меѓу мерките што се разгледуваат е и тоа да се забрани напуштање на домовите повеќе од еднаш неделно.

Според мерките што во моментов се на сила, Британците може да да вежбаат со една личност од домаќинството или приватен „круг“, но извор од Владата за весникот информира дека тоа правило се користело како изговор за луѓето да уживаат во пиење кафе во парковите со пријатели.

Велика Британија во текот на вчерашниот ден потврди 573 починати, што е најголем неделен пораст на смртни случаи од април. Вчера беа потврдени и речиси 55.000 нови случаи на заразени што е 13. ден по ред како се регистрирани над 50.000 случаи на ден.

Властите се загрижени поради тоа што за време на викендот забележано е масовно одење на граѓаните во градските паркови и покрај молбите на Премиерот Џонсон да останат во своите домови и на тој начин да помогнат да се контролира ширењето на мутираната варијација на корона вирусот.

Во новите мерки, Владата особено ќе се концентрира на супермаркетите барајќи да се обнови правилото за социјално дистанцирање во продавниците. Се разгледуваат и поостри казни за прекршителите на мерките.

Претседателот на Советодавната Комисија за новата респираторна закана, професорот Питер Хорби, изјави дека доколку постои каков било знак дека мерките не даваат резултат ќе мора тие да бидат построги.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This