ИЗЛЕЗЕНОСТ ВО КУМАНОВО: До 15 часот во Куманово гласале 28,63% од гласачите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според податоците на Државната изборна комисија, до 15 часот излезноста во Куманово е 28,63 отсто или 25.233 гласачи, во Липково – 14,56 или 3.694 гласач, а во Старо Нагоричане – 34,15 отсто или вкупно гласале 1.137 гласачи.

Гласањето во овие три општини, како што информираа од општинските изборни комисии, се одвива тековно.

Во Куманово денеска можат да гласаат 92.839 гласачи на 167 избирачки места, информираше потпретседателот на ОИК Куманово, Ајрула Керими.
Претседателот на ОИК Лирим Јашари изјави дека во Липково право на глас имаат 25.401 граѓани кои гласаат на 36 избирачки места.

Гласањето се одвива непречено и во Старо Нагоричане, информираше Драган Јовановски, претседател на ОИК. Во оваа општина право на глас имаат 3.333 граѓани кои гласаат на 38 избирачки места.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This