НАЈАВЕНИОТ ДОКУМЕНТ ОД ВМРО-ДПМНЕ ЗА ИЗЛЕЗ ОД КРИЗАТА:Патоказ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ го објави својот патоказ како понуда за излез од кризата како надпартиски договор. Го објавуваме во целост.

milososki-1-640x326

Водејќи се од наведениот принцип за Единствена РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, а со цел да извлечеме поуки и понудиме решение за излез од тековната политичка криза, го посочуваме следниот

ПАТОКАЗ

Над партиски договор за секое идно принципиелно решавање на внатрешни разлики, во рамки на институциите на државата, без странски агенди или претставници, единствено од страна на легитимно избрани претставници на Македонските граѓани.

Внатрешно обединување против вмешување во внатрешните работи на Република Македонија, од страна на странски политичари или држави кои се косат со концептот на почитување на суверенитетот или се спротивни на добрососедско однесување.

Заедничко отфрлање на планови, платформи или агенди кои се надвор од нашето уставно уредување или се спротивни на македонските стратегиски- државни интереси.

Осуда на секој директен или индиректен ревизионизам на Охридскиот рамковен договор, кој е целосно вграден во нашето уставно уредување.

Оттука, за изнаоѓање на одржливи решенија на тековната политичка криза, неопходно е најпрво транспарентно да се постигне договор околу следните прашања-

  1. Дали важноста на праксата за тн. Коалицирање на победници од етничките заедници како фактор на дополнителна стабилност опстојува или се отфрла за иднина, во интерес на изедначување на гласот на секој пратеник, со сите логични последици од таков чекор ?

–          Ова е неопходен предуслов со цел одбегнување на двојни стандарди и менување на обичаите зависно од изборните резултати. На долг рок ќе донесе предвидливост на политичката сцена.

  1. Дали се прифатливи странските агенди во внатрешно-политички цели или пак единствено тие кои се претставени и верификувани од граѓаните на изборите ?
  2. Дали при конституирање на Собранието, позицијатта Претседател на СРМ следи политички на партијата или коалицијата која победила на изборите или е предмет на надгласување ?

–          Во истиот контекст, кои се  гаранциите дека таа позиција не би била злоупотребена за политички махинации со цел одложување на изборите и игнорирање на волјата на мнозинството граѓани ?

  1. Дали се сите политички актери согласни со задржувањето на мултикултуралниот модел на развој на Република Македонија со подеднаква промоција на сите заедници или се поддржува промена на моделот во двонационален, на сметка на повеќето заедници ?
  2. Дали врвен приоритет во овој момент останува стабилизирањето на земјата, економски просперитет и Еврпоската интеграција како обединителни сили за сите граѓани, или пак тие се заменуваат со редефинирање на односите помеѓу заедниците ?

ВМРО-ДПМНЕ има изградено позиции по овие прашања кои се водат од заедничкиот интерес на Државата и сите нејзини граѓани.

Неопходно за излез од кризата е – низ Дијалог единствено од избрани претставници на избори во рамки на СРМ – да се изнајдат обединителни позиции по овие клучни прашања. Врз основа на постигнатите решенија од одговорите може да се насочиме кон одржливост на решенијата и помирување околу тоа што не обединува сите во Република Македонија.

(Интергрален текст од прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ)

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This